We found a match
Your institution may have access to this item. Find your institution then sign in to continue.
- Title
A TRIBUTE TO THE VOICELESS WOMEN OF EUROPE.
- Authors
Stojmenska-Elzeser, Sonja
- Abstract
Македонскиот современ писател Гоце Смилевски во изданието на својот роман Сестрата на Фројд во превод на англиски јазик вклучува кратка белешка во која истакнува: "Тишината околу Адолфина е толку гласна, што не можев да го напишам овој роман на друг начин освен со нејзиниот глас. Добро познатите факти за животот на Зигмунд Фројд беа како сценографија, како ѕидовите на лавиринтот низ к ој л утав с о години, обидувајќи се да ги пронајдам ходниците во кои можеше да се слушне гласот на Адолфина, за да можам да запишувам и на тој начин во фикција да спасам еден од многуте животи заборавени од историјата". Овие зборови покажуваат дека главните книжевни предизвици на овој роман, кој ја доби Наградата за литература на Европската Унија и е преведен на повеќе од дваесет и пет јазици, е да се преосмисли и повторно да се напише биографијата на Адолфина Фројд, една од петте сестри на Сигмунд Фројд, несомнено еден од најзначајните и највлијателните мислители на европската култура во дваесеттиот век. Авторот ја започнува својата наративна авантура со скудните биографски податоци за оваа жена, меморирани главно во сенката на биографијата на славниот брат, и потоа разиграно ги комбинира фактите со имагинацијата, вклучувајќи многу други ликови од европската историографија и култура. Во обидот да ја исполни празната биографска кутија на Адолфина на уметнички начин, со сите нејзини болки и таги, борби и желби, и да го долови нејзиниот идентитет, авторот раскажува една инте- ресна приказна во која се поставуваат многу провокативни прашања: преиспитување на теориите на Фројд и на самата психоанализа, феминистичкото движење на почетокот на дваесеттиот век, еврејството во европски контекст, мајчинството и/или интелектуална кариера, мајки и синовите наспроти мајки и ќерки, брат-сестра однос, љубовта и сексуалноста на жената, проклетството на немажените жени во деветнаесеттиот век, и др. На тој начин Адолфина (Долфи), идентификувана со повеќе параметри, а не само како сестра на славниот Фројд, станува симбол на многуте жени низ европската историја, кои биле маргинализирани, потиснати и заборавени од страна на машката доминација и игноранција.
- Subjects
WOMEN; COMPARATIVE literature; STORY plots; LABYRINTHS; BIOGRAPHY (Literary form)
- Publication
Context / Kontekst, 2016, Issue 14, p45
- ISSN
1857-7377
- Publication type
Article